Ждребот за осминафиналето од најелитното клупско натпреварување не предизвика еуфорија во Шпанија чии клубови во последните години владеат во Европа.
Ако сака да ја освои третата круна по ред Реал Мадрид ќе мора да го елиминира моќниот ПСЖ во осминафиналето, додека Барселона за противник го доби англискиот шампион, а Севиља ќе игра против Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанците оваа сезона не брилјираат во Европа, Атлетико Мадрид е елиминиран, Реал покажа слабости против Тотенхем, а Севиља не покажа многу.
Поради тоа тамошните медиуми стравуваат за можното испаѓање на сите шпански клубови уште во осминафиналето, нешто што се нема случено цели 12 години.
„Мораме да се вратиме 12 години наназад за да најдеме сезона без шпански клубови во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Тогаш Барселона во 2005 година падна против Челзи, а Реал против Јувентус“, пишува „Марка“ и нагласува дека шпанските клубови мораат да го покажат своето вистинско лице за да не бидат елиминирани.