Шпанските медиуми објавија дека Герет Бејл е решен да остане во Ла Лига.
Бејл на крајот на овој месец ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со Реал Мадрид, а веќе е познато дека кралскиот клуб нема да ја продолжи соработката со него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Велшанецот веќе има неколку интересни понуди од клубови надвор од Европа, но неговата цел е да остане во една од најсилните лиги во Европа. Наводно, првиот план е Шпанија.
Дел од шпанските медиуми објавија дека Бејл се понудил на тимот на Гетафе и дека е подготвен да потпише едногодишен договор со овој мадридски клуб, но набрзо стигна демант од агентот на Бејл.
Неговиот агент Џошуа Барнет реши веднаш да се огласи и да каже дека овие шпекулации не се точни и дека не е вистина дека неговиот клиент се понудил на Гетафе.
„Па, јас го немам ни телефонскиот број на претседателот Гетафе“, изјави Барнет.
Бејл неодамна откри дека на почетокот на следниот месец ќе биде објавен неговиот нов клуб, а покрај останувањето во Шпанија една опција е да се врати во Премиер лигата.
Excl: Gareth Bale’s agent Joshua Barnett has laughed off the rumours on Getafe move. “I don’t even have the president of Getafe’s number…”, told me. ⛔️🏴 #Bale pic.twitter.com/QKoPKtocXX
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 8, 2022