Дома Трансфер зона Позајмицата беше вистински потег: Барселона го сака „отпишаниот“ напаѓач на Манчестер Јунајтед

Позајмицата беше вистински потег: Барселона го сака „отпишаниот“ напаѓач на Манчестер Јунајтед

Мејсон Гринвуд по големите проблеми кои ги имаше во 2022 година конечно успеа да се врати на вистинската патека во кариерата бидејќи позајмицата во Гетафе се покажа како полн погодок.

Гринвуд игра одлично во Гетафе и со настапите привлече интерес од шпанските гиганти Барселона и Атлетико Мадрид.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тој се уште под договор со Манчестер Јунајтед, а во Јунајтед поради проблемите со законот кои ги имаше не сакаат да сметаат на него. Поради тоа во Барселона сметаат дека лесно ќе успеат да го убедат.

Барселона е подготвена да понуди 40 милиони фунти на Јунајтед за откуп на 22-годишниот фудбалер. Сезонава Гринвуд постигна пет гола и подели четири асистенции на 15 натпревари во Ла Лига.

Ќе потсетиме, претходно тој се соочуваше со проблеми поради обвинувањата од девојката за силување и насилство, на крајот сето тоа го надмина и се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…