Дома Останати Тенис Шпански спектакл: Алкараз и Надал еден против друг!

Шпански спектакл: Алкараз и Надал еден против друг!

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал и неговиот помлад сонародник, Карлос Алкараз закажаа егзибиционен меч на 3. март во Лас Вегас.

Надал се чувствува многу добро, тренери некое време интезивно, неговото тело е спремно и изгледа дека има најголеми амбиции бидејќи закажа меч со тенисерот кој е втор на АТП листата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Мечот во Лас Вегас не е случајно закажан за овој датум бидејќи ќе се одиграат уште неколку мечеви пред почетокот на мастерсот во Индијан Велс и Мајами.

 Распоредот на Алкараз е прилично густ бидејќи на 27-ми декември во Ријад игра против Ѓоковиќ, а веќе наредниот ден против Роберто Баутиста во Мурсија, а во Мелбурн првите мечеви ќе ги има на 10-ти и 12-ти јануари.

Некогаш најдобриот тенисер во светот и големиот ривал на Ѓоковиќ претходно потврди дека враќањето на официјалните мечеви ќе го има на турнирот во Бризбејн пред Австралија Опен. Последниот меч Надал го одигра минатиот Австралија Опен, а потоа имаше сериозни проблеми со повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сензација на Вимблдон: 116. тенисерка во светот ја елиминираше третата носителка!

Третата најдобра тенисерка во светот, 31-годишната Американка Џесика Пегула, стана првата …