Дома Останати Шок на Ролан Гарос: Најдобрата Кербер елиминирана во прво коло

Шок на Ролан Гарос: Најдобрата Кербер елиминирана во прво коло

Најдобрата светска тенисерка Анџелика Кербер од Германија го заврши настапот на Грен слем турнирот Ролан Гарос откако во 1. коло вчера загуби од Русинката Екатерина Макарова со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2). Ова е втора година по ред како Кербер е елиминирана во првото коло на Ролан Гарос.

Од воведните дуели кај жените за одбележување е победата на Петра Квитова од Чешка, која по нападот во нејзиниот стан од крајот на ланската година кога беше повредена го одигра првиот меч и постигна победа над Јулија Босеруп од САД со 2-0 (6:3 и 6:2), додека пласман во следното коло избори и шампионката од 2009 година од Ролан Гарос Светлана Кузнецова која со 2-0 (7:5 и 6:4) ја победи Американката Кристина Мек Хејл.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Денеска на програмата се мечеви од првото коло во двете конкуренции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…