Дома Останати Тенис Шок за Надал на УС Опен: Елиминиран во осминафиналето!

Шок за Надал на УС Опен: Елиминиран во осминафиналето!

Шпанецот Рафаел Надал беше поразен во осминафиналето на УС Опен од Френсис Тиафо со 1:3 во сетови (4:6, 6:4, 4:6 и 3:6).

За Тиафо ова е најголемата победа во кариерата и така обезбеди место во четвртфиналето на последниот гренслем турнир оваа година. Американецот беше фокусиран од самиот почеток и ги дочека грешките на Надал, а потоа направи брејк со кој го освои првиот сет.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На сличен начин Надал се врати во мечот и изедначи на 1:1 во сетови. Третиот сет беше реприза на првиот, Американецот искористи брејк топка во седмиот гем поведе со 4:3 и таа предност ја задржа до крајот за освојување на сетот. Не успеа да се врати Надал во третиот сет, па мораше да се помири со поразот.

Поразот на Надал донесе радост и кај фановите на Новак Ѓоковиќ кој и понатаму ќе остане со еден гренслем помалку од Шпанецот. Надал им 22, Ѓоковиќ 21, Федерер 20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шок за шампионката на Вимблдон: Турнирот го заврши во третото коло!

Бранителка на титулата на Вимблдон, чешката тенисерка Барбора Крејчикова, го заврши својот…