Поранешната најдобра тенисерка во светот и гренслем победничка Симона Халеп е суспендирана на неодредено време.
Халеп била позитивна на допинг-тест направен за време на „Ју-Ес опен“ кон крајот на август. Веднаш по првиот позитивен тест Халеп побарала да и биде направен и втор, на крајот и тој излегол позитивен. ВТА и збрани учество на било каков турнир се до изрекувањето на казната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во урината кај тенисерката која има македонско потекло била пронајдена супстанца Роксадустад која е ставена на забранетите на Светската Анти-допинг агенција за 2022 година.
Халеп во каирерата ги освои Ролан Гарос во 2018 година и Вимблдон во 2019, најдобро рангирана беше во 2017 и 2018 година.