Дома Останати Тенис Остра порака по суспензијата на втората тенисерка во светот: Мене сакаа да ме уништат – не можам да најдам логично објаснување!

Остра порака по суспензијата на втората тенисерка во светот: Мене сакаа да ме уништат – не можам да најдам логично објаснување!

Откако во четвртокот тенискиот свет беше потресен од допинг скандалот и суспензијата на Ига Швјонтек, во петокот многу остро се огласи Симона Халеп.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред две години Симона Халеп беше суспендирана поради позитивен тест.. Речиси две години траеше нејзината борба да докаже дека забранетата супстанца ја внела во организмот преку контаминирани намирници и во тоа успеа. Но, нејзината кариера практично беше уништена со моменталната суспензија која ѝ беше изречена на четири години.

„Седам и се обидувам да разберам, но многу ми е тешко да разберам нешто вакво. Се запрашувам – зошто постои ваква голема разлика во третманот и пресудата? И не можам да разберам како може да постои логично објаснување.. Единствено може да биде лоша намера од ITIA, организацијата која направи апсолутно сè за да ме уништи, и покрај сите докази. Навистина сакам да ги уништам последните години од мојата кариера, посакував нешто што никогаш не можев да замислам дека ќе сакам. Секогаш сум верувала во доброто, во фер третман, верував во добра волја. Беше болно, и сè уште е болно и можеби неправдата што ми е нанесена засекогаш ќе остане болна.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Зошто пробл…