Романската тенисерка, Симона Халеп, го откажа учеството на претстојниот Австралијан опен што ќе се игра во јануари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Симона Халеп мораше да се повлече од Австралија опен поради две повреди – на коленото и на рамото. Романката, како што вели, почувствувала болка во коленото и рамото за време на натпреварите во Абу Даби.
Халеп доби вајлд-карта за првиот грен слем во сезоната, откако се врати по скандалот со допинг поради кој беше суспендирана.
На Романката ѝ беше намалена суспензијата во март, што ѝ овозможи веднаш да се врати на теренот.
Инаку, има освоено Ролан Гарос во 2018 и Вимблдон во 2019 година.