Екипата на Шкендија денес со почеток во 17:00 часот ќе го одигра реванш натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на Европа против литванскиот Тракаи.
Македонскиот претставник во првиот натпревар во Литванија запиша пораз од од 2:1, што отвара можност клубот од Тетово да се надева на позитивен резултат и пласман во плеј-офот во Лигата на Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шкендија натпреварот ќе го започне со: Koстадин Захов, Егзон Бејтулаи, Арменд Алими, Бесарт Ибраими, Енур Тотре, Ферхан Хасани, Иван Челиковиќ, Олси Теќа, Благоја Тодоровски, Бесарт Абдурахими и Марјан Радески.
Од друга страна литванскиот претставник се одлучи за следниве 11: Игнас Плукас, Модестас Боробјовас, Максим Максимов, Оскар Дорлеј, Јустинас Јанушевакис, Ваидас Шиленас, Алма Вакли, Михајло Шушка, Арунас Климавичиус, Валдемар Боровски, Александар Бујченок.