Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија рутински во Струмица, Вардар победи во судиското продолжение

Шкендија рутински во Струмица, Вардар победи во судиското продолжение

Со двата гола постигнати во последните минути од натпреварот одигран во Ѓорче Петров, фудбалерите на Вардар ја победија Македонија со 3-1. Шкендија рутински ја победи Беласица.

Вардарци поведоа рано уште во 19-минута со голот на Вилиан, но во второто полувреме израмни Божиновски. Избраниците на Васоски дојдоа до трите бода во самиот финиш со головите на Мицевски и Попзлатанов во 90 и 93 минута.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неизвесно беше и во Тетово каде Ренова и Силекс одиграа без победник 1-1, додека Шкендија во Струмица ја надигра Беласица со 2-0.

Резултати 12. коло:
Македонија ЃП-Вардар 1-3
Беласица-Шкендија 0-2
Работнички-Победа 3-1
Шкупи-Академија Пандев 1-0
Ренова-Силекс 1-1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…