Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски одигра одличнa полусезона во Палермо и со своите голови се наметна како клучен играч на Сицилијанците.
Несторовски често добива комлименти за своите настапи, а последната дојде од поранешниот хрватски репрезнетативец и некогашен играч на Интер и Милан, Дарио Шимиќ кој смета дека нашиот ас е како легендарниот Пипо Инзаги.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Несторовски е позитивно изненадување во Палермо. Никој не го очекуваше тоа од него, дека така лесно ќе дава погодоци. На Иле му оди добро, ако мојот пријател Пипо не се налути, јас би го споредил Несторовски со Инзаги, напаѓач кој добро се движи во казнениот простор и секогаш противниците се трудат добро да го чуваат“, изјави Шимиќ.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!