Дома Македонски спорт Мак ракомет Шеваљевиќ: На сред тренинг ни кажаа дека нема да играме со Фленсбург

Шеваљевиќ: На сред тренинг ни кажаа дека нема да играме со Фленсбург

Тимот на Вардар се подготвува за следниот натпревар во Лигата на шампионите и тој е закажан за во недела против ПИК Сегед.

Вардар пред ПИК Сегед требаше да игра со Флеснбург, но тој дуел се одложи и играчите и Алушовски морале брзо да се пренасочат со подготовките за унгарскиот ривал. Ракометарот кој неодамна пристигна во Вардар, Васко Шеваљевиќ раскажа како на сред тренинг им пристигнала информацијата дека нема да патуваат за Германија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Се спремавме за Фленсбург и буквално на пола тренинг стигна информацијата дека дуелот се одложува и моравме да почнеме да се подготвуваме за ПИК Сегед. Што да се прави, се случуваат такви работи во оваа година. За нас професионалците најважно е да си ја работиме нашата работа“, изјави црногорскиот бек.

„Во недела ќе играме против ПИК Сегед и секако дека одиме на два бода. Гледавме неколку видеа од нив, пред нас се уште два дена да се спремаме. Станува збор за една квалитетна екипа која има по два одлични играчи на секоја позиција“, порача Шеваљевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…