Шалке и Барнли се договрија за позајмица на македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов до јуни, а германскиот тим ќе има можност за откуп на договорот за сума од 2.5 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Чурлинов веќе пристигна во Германија каде што ќе ги помине медицинските прегледи и ќе стави потпис на договор.
За Чурлинов епизодата во Англија се покажа како неуспешна, меѓутоа секако влијание имаше и болеста поради која долго време беше надвор од терените.
Македонскиот репрезентативец токму во Шалке играше во одлична форма, па ова секако е добра одново да го покаже својот квалитет.
Welcome back, Darko Churlinov! #S04 pic.twitter.com/B5xJyO1BJr
— Andreas Ernst (@AndiErnst) January 22, 2024