Oд вчера официјалниот Фејсбук профил на второлигашот Гостивар објавува чудни информации.
Гостивар амбициозно ја започна сезоната, во преодниот рок доведе низа засилувања и важи за еден од фаворитите за промоција во првата лига. Затоа објавите кои се појавија изгледаат зачудувачки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Без поголемо објаснување тие прво објавија дека си заминал тренерот Октај Дерелиоглу, потоа дека нема да играат против Беса, па дека инвеститорите се повлекуваат.
Засега не е познато дали овие објави се вистинити или пак профилот е хакната, ако се вистина тогаш значи крах на тимот после само две кола.