Дома Фудбал Останато Чудна изјава на Тевез пред епскиот реванш на „Бернабеу“

Чудна изјава на Тевез пред епскиот реванш на „Бернабеу“

Напаѓачот на Бока Јуниорс даде навистина чудна изјава пред големиот реванш во финалето на Копа Либертадорес.

Најискусниот фудбалер на Бока Јуниорс, Карлос Тевез смета дека реваншот од ова финале требало да се игра на „Монументал“ и дека сега Ривер има помал притисок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Сити и Јувентус смета дека шансите во овој момент се 50:50.

„Ќе биде чудно во Мадрид. Сепак, како играч јас морам да бидам фокусиран на натпреварот. Среќен сум што се игра во Шпанија, а не во некоја друга земја од Европа, но истовремено и тажен што не е во Аргентина“.

„Ривер ќе имаше поголем притисок доколку натпреварот се играше на нивни терен, сега е 50:50. Искрено, мислам дека најправедно беше да се игра на стадионот на Ривер како и што беше планирано, но сега не можеме ништо да направиме“, изјави Тевез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лукас Пакета размислува за тужба против Фудбалската асоцијација на Англија!

Фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, ги разгледува можностите за покренување тужба против…