Дома Фудбал Останато Човекот кој работи со Марио Балотели прв кандидат за клупата на Баерн Минхен

Човекот кој работи со Марио Балотели прв кандидат за клупата на Баерн Минхен

Како што е познато Томас Тухел, го одби Баерн Минхен, а денес во медиумите се појави новото име за кое се смета дека е прв кандидат да седне на кормилото на гигантот од Минхен.

Во Баерн со сите сили се обидуваат да го задржат Хејнкес и наредната сезона, но тој не прифаќа, па мораа да побараат ново решение.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат германските медиуми, нов тренер на Баерн Минхен од наредната сезона ќе биде сегашниот стратег на француска Ница, Швајцарецот Лусијан Фавр.

Според медиумите работата е веќе сериозна и Фавр во наредните денови би требало да ги заврши финалните преговори со Баерн, се работи за стручњак за кого многумина сметаат дека е помеѓу најдобрите во Европа.

Фавр во Ница пристигна во 2016 година и продолжи онаму каде што застана со Борусија Менхеглдабах со која успеа да стигне до пласман во Лигата на шампионите.

57 годишниот Швајцарец во Бундес лигата покрај Менхенгладбах работеше уште за Херта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…