Навивачката група „Чкембари“ преку соопштение изрази незадоволство и револт за одлуката натпреварот во неделата помеѓу АП Брера и Пелистер да се игра без публика.
Непосредно пред натпреварот навивачката група добила известување дека Брера забранува присуство на гостински навивачи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Од сељаците во вашиот клуб не очекуваме да имате разбирање за публика и навивачи оти истите вие воопшто ги немате. Но не можеме да разбериме како Пандев кој бил дел од неколку светски клубови да дозволи вакви одлуки да носи неговиот клуб. Дали е за него замисливо вакви забрани да добијат за патување низ Италија навивачите на Интер, Наполи, Лацио… Зборуваме за 50 фудбалски навивачи кој сакаа своето слободно време да го поминат бодрејќи го својот клуб, стотина километи од својот град. Зборувајте ни потоа за развој на фудбалот и за полни спортски трибини… Стоп за забраните за гостински навивачи“, стои во соопштението од „Чкембари“.
Исто така тие ја објавуваат и пораката со која се известени дека не можат да гостуваат.