Дома Фудбал Останато Чичарито искрен: Не е за веруваме колку ме плаќаат мене, а колку докторите

Чичарито искрен: Не е за веруваме колку ме плаќаат мене, а колку докторите

Напаѓачот на Л.А. Галакси, Хавиер Хернандез – Чичарито не го крие своето изненадување што огромни плати се плаќаат во фудбалот, а тоа не е случај во медицината.

Во време на пандемија, кога здравствените работници се во прва борбена линија често се зборува за нивните примања и се прават паралели со скапоплатените спортисти.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Мексиканецот е зачуден како може тој да добива толку голема плата, а лекарите да бидат малку платени.

„Не е за верување дека толку многу ме плаќаат мене за да играм фудбал, а лекарите и научниците кои бараат лек за болест што го парализира светот не земаат ништо. Јас зборувам од економска гледна точка“, истакна Чичарито.

„За мене, Сара и Ноа, оваа изолација многу влијаеше врз нас, бидејќи во последните месеци летавме од лево кон десно (од Севиља во Лос Анџелес). Во изолација, се чувствувам како да правам нешто за да помогнам на луѓето, на светот. Да, ми недостасува фудбал, ми недостасуваат тренинзите, но се прилагодувам“, додаде Мексиканецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер објави уште едно ново засилување пред почетокот на Светското клупско првенство

Од Интер официјално го објавија доведувањето на крилото Луиш Енрике со трансфер од Марсеј.…