Хавиер Ернандез Чичарито го промени клубот.
Мексиканскиот напаѓач Хавиер Ернандез е нов член на ЛА Галакси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фудбалерот кој настапуваше за Севиља во првиот дел од сезоната порача дека доаѓа во вистински клуб и во вистинско време.
„Сакам да играм, затоа дојдов. Во последните две години тренерите даваа повеќе самодоверба на други играчи отколку на мене. Сега е поинаку“, изјави Чичарито.
Трансферот се уште не е официјализиран од страна на клубовите, но се очекува тоа да се случи во секој момент. Чичарито додаде дека ќе игра пред голем број мексикански навивачи што за него ќе биде посебна привилегија.