Дома Фудбал Останато Четворица тренери се кандидати да го наследат Гатузо

Четворица тренери се кандидати да го наследат Гатузо

Наполи вчера со поразот од Аталанта го заврши своето учество во Купот на Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аталанта се избори за финале каде што ќе игра против Јувентус. Новиот пораз само ги зголеми гласините за можното заминување на Џенаро Гатузо.

Покрај елиминацијата од купот Наполи има и два порази во последните три кола. Тимот на Гатузо изгуби од Џенова и Верона. Токму тренерот на Верона, Иван Јуриќ се споменува како можен наследник на Гатузо.

Освен Јуриќ тука се Италијано од Специја, Спалети Рафаел Бенитез. Во медиумите како фаворит се истакнува Бенитез. Шпанецот во овој момент е без клуб. Кон крајот на годината го заврши неговиот ангажман во Кина. Ќе потсетиме, Бенитез го водеше Наполи од 2013 до 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем не запира со грандиозната селекција: договорен и Тонали за рекорден износ

Тотенхем продолжува да биде многу активен на трансфер пазарот. Откако вчера “спарси&…