Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи се вклучил во трката за потписот на Хари Кејн.
Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити беа посочени како први фаворити за неговиот потпис, но сега Челзи сериозно се вклучува во трката.
Имено, Челзи е спремен да понуди две ѕвезди плус пари за потписот на Кејн.
„Сините“ го нудат Тами Абрахам и голманот Кепа Аризабалага, плус пари за потписот на 27-годишниот голгетер.