Дома Фудбал Англија Челзи има сериозни проблеми, мора да прави „чистка“

Челзи има сериозни проблеми, мора да прави „чистка“

Челзи има сериозни финансиски проблеми и ќе мора на лето да прави „чистка“ откако беше објавено дека лубот има долг од над 121 милиони фунти.

Челзи ќе биде поставен пред сериозен предизвик бидејќи ќе мора брзо да ја наполни касата. Челзи има општа загуба од 274 милиони фунти во последните три сезони, но успеа да избалансира со нови 105 милиони во касата и сега постепено ќе мора да ја санира „дупката“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, поради тоа клубот од „Стенфорд Бриџ“ ќе мора да направи приходи до 30 јуни, за да ја затвори финансиската година со што помал минус.

Поради тоа Челзи на трансфер листа ќе стави неколку ѕвезди како Мејсон Маунт, Тревор Чалоба, Хадсон-Одои, Рубен Лофтус-Чик, а исто така на трасфер листа се и  Матео Ковачиќ, Хаким Зијех, Кристијан Пулишиќ и голманот Менди.

Со продажбата на овие играчи се очекува Челзи да направи голема заработка, за да може клубот да биде активен на летниот трансфер пазар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дочека: Ветеранот Варди го постигна првенецот во Серија А! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Варди вечерва го постигна неговиот прв гол во …