Дома Трансфер зона Челзи започнал преговори со Раиола, Милан во проблем?

Челзи започнал преговори со Раиола, Милан во проблем?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи започнал преговори со Мино Раиола, а причина е еден од најпознатите голмани во светот.

Според информациите на Италијанците Челзи покажал интерес за Џанлуиџи Донарума.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Росонерите“ никако не успеваат да започнат преговори со Донарума за продолжување на соработката, Раиола неодамна изјави дека имаат други приоритети и Челзи би можел да ја искористи таа ситуација.

Договорот на младиот голман со Милан му истекува за помалку од една година и изгледа сега тој е метата на Челзи за замена за Кепа кој се покажа како промашување.

Сепак, доведувањето на Донарума ќе биде тешка мисија и проценката дека Милан нема да го пушти својот голман за сума помала од 50 милиони евра. Ако се случи Донарума да дојде во Челзи тогаш веројатно Кепа ќе бара нова средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…