Дома Македонски спорт Мак ракомет Црногорецот Шеваљевиќ го засили Вардар 1961

Црногорецот Шеваљевиќ го засили Вардар 1961

Капитенот на репрезентацијата на Црна Гора, и ракометар на француски Истр, Васко Шеваљевиќ (32) во следните 18 месеци ќе биде член на тимот на Вардар 1961.

Шеваљевиќ веќе утре ќе пристигне во Скопје и ќе се приклучи на тренинзите на тимот, потврдија од Вардар 1961.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Црногорецот нема да биде во составот за средбата со Војводина што се игра утре попладне во 17,45 часот, но ќе конкурира кај тренерот Алушовски за следните дуели, па и оној со Нексе на 1 февруари во Скопје.

Шеваљевиќ игра на левата бековска позиција и ќе биде засилување за „црвено-црните“ во пролетниот дел на сезоната. Стандарден репрезентативец на Црна Гора и капитен на последното ЕП во Австрија. Зад себе има настапи на последните 4 ЕП во сениорска конкуренција за Црна Гора.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…