Со поразот во првото коло на Ролан Гарос, Жо Вилфред Цонга ја заврши својата богата кариера.




Французинот пред извесен период најави дека Ролан Гарос ќе биде неговиот последен голем турнир во кариерата. Во Париз тој беше елиминиран уште во воведниот натпревар.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Подобар од Цонга беше Каспер Руд кој славеше со 3:1 во сетови (6-7/6, 7-6/4, 6-2, 7-6/0). Така Норвежанецот се пласираше во второто коло, а Цонга беше испратен во пензија и мечот го заврши со солзи.



