Дома Фудбал Хунтелар после 17 години ја освои првата лигашка титула во кариерата!

Хунтелар после 17 години ја освои првата лигашка титула во кариерата!

Фудбалерите на Ајакс вчера со своите навивачи ја прославија двојната круна, а на прославата во Амстердам имаше преку 100.000 навивачи на холандскиот клуб.

Ајакс неодамна ја освои титулата во купот, а вчера ја осигураа и титулата во лигата. Во неверојатна атмосфера играчите на овој клуб со навивачите ги прославија титулите, а на прославата имаше преку 100.000 навивачи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Оваа прослава со сигурност беше една од најдрагите за Клас Јан Хунтелар, кој конечно успеа да освои лигашка титула.

Хунтелар 17-годишната досегашна кариера играше за ПСВ, Де Графшеп, АГОВВ, Херенвен, Реал Мадрид, Милан и Шалке и не успеа да освои ниту една лигашка титула со некој од овие клубови.

Сепак, на овој 35 годишен напаѓач на залезот од кариерата му се исполни и таа желба бидејќи конечно после 17 години успеа со Ајакс да ја освои титулата во Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп не мирува: Веќе има нова идеја, Манчестер сити може да добие засилување од 100 милиони евра!

Maнчестер Сити сезонава не игра на највисоко ниво, а уште еден удар беше доживеан во вторн…