Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матс Хумелс јавно се изјасни дека не е за тоа младиот стратег Јулијан Нагелсман да ги предводи Баварците.
На Баерн му оди добро под водство на Јуп Хејнкес, но искусниот стратег е привремено решение и ќе ги води Баварците само до крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германските медиуми веќе лецитираат со имиња кои би можеле да го наследат следната сезона, а главни фаворити се Томас Тухел и Јулијан Нагелсман.
„Нагелсман е само две години повозрасен од мене и затоа имам поделено мислење. Мислам дека е премногу млад за да води клуб како Баерн, но не велам дека е невозможно“, јасен беше Хумелс.
Младиот германски стратег има поддршка од повеќето луѓе во клубот, па големи се шансите на крајот на сезоната да седне на кормилото на Баварците.