Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку со својот хуман потег ја воодушеви Италија.
Белгискиот напаѓач објави дека финансиски ќе помогне за болница во Милано, притоа повика да се почитување на препораките во борбата со коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лукаку донираше 100.000 евра за болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, притоа отвори фонд за донации и ги повика другите фудбалери да го следат неговиот потег.
„Во овие тешки времиња треба сите да бидеме обединети, да останеме дома. Италија е неверојатна земја која стори многу убави работи за мене и моето семејство, токму затоа сакам да и помогнам на оваа земја со тоа што ќе донирам 100,000 евра за болницата „Сан Рафаеле“.
„Би било одлично доколку вие би можеле да помогнете со поддршка до луѓето и болниците, да останеме обединети и силни сите заедно“, порача Лукаку.
? | MESSAGGIO
— Inter (@Inter) March 20, 2020
Ecco per voi il messaggio di @RomeluLukaku9!
Potete donare anche voi sulla nostra pagina Facebook ? https://t.co/FFsbwVen5E
Forza, restiamo uniti e usciremo presto da questa situazione! #TogetherAsATeam pic.twitter.com/JYySOSBeBp