Македонската репрезентација беше поразена со 3:0 од Хрватска во пријателскиот меч кој се одигра во Ријека.
Избраниците на Благоја Милевски уште од самиот старт покажаа дека не се на нивото на „коцкестите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Резултатот беше отворен по десет минути игра кога Ловро Мајер од слободен удар ја погоди мрежата на Столе Димитриевски, а истиот играч зголеми на 2:0 пред крајот на полувремето.
Во вториот ел Хрватска повторно беше подобар противник, а точка на натпреварот стави Пашалиќ во 79-та минута.
Фото: ФФМ