Дома Фудбал Останато ХИТ ВИДЕО: Играчите паѓаа од смеа, погледнете што му направија на Ловрен

ХИТ ВИДЕО: Играчите паѓаа од смеа, погледнете што му направија на Ловрен

Ливерпул во 30-то коло од Премиер лигата го победи Барнли на својот „Енфилд“ со 4:2, во натпреварот кога Вествуд директно од корнер успеа да го совлада голманот Алисон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, Мане и Фирмино по два пати ја погодија мрежата на противникот, па „Црвените“ останаа на само бод од Сити. Хрватскиот репрезентативец, Дејан Ловрен овој натпревар го гледаше од клупата. Ван Дијк и Матип беа стоперскиот тандем во екипата на Јирген Клоп, додека Ловрен остана меѓу резервите кои се загреваа со останатите резерви.

И во тие моменти, додека беше во средината, обидувајќи се да дојде до топката, соиграчите три пати му ја протнаа топката меѓу нозе. Ориги и Шаќири, откако што по трет пат успеаа да му го направат тоа, паднаа на теренот од смеа. Погледнете и сами:

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид донесе одлука за иднината на Нико Пас

Реал Мадрид ја донесе конечната одлука да ја искористи опцијата за повторно купување и да …