Сплитски Хајдук европската авантура ова лето ја заврши уште на првата препрека.
Хајдук на гости кај Гзира од Малта победи со 0:2 и изгледаше дека имаат сигурен пат кон второто претколо од Лигата на Европа, но на „Пољуд“ доживеаа шокантен пораз од 1:3.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хајдук водеше после првото полувреме, Жарди погоди во 7-та минута и се најавуваше рутинско одработување на хрватскиот тим до крајот на натпреварот.
Меѓутоа во продолжение следи шок, гостите од Малта постигниваат три гола и се пласираат во следната рунда.
Џеферсон изедначи во 57-та минута, за Коне на крајот од натпреварот да постигне два гола какви што веројатно никогаш нема да постигне во кариерата.
Прво во 69-тата минута постигна гол со ножичики на спектакуларен начин, за потоа во шестата минута со уште еден еврогол овој пат со удар од врвот на казнетиот
простор.
Hajduk – Gzira 1:2 pic.twitter.com/FUbMOCLyjG
— SportTime (@SportTi43915378) July 18, 2019
Hajduk – Gzira 1:3 (Kone) pic.twitter.com/poD0LtOcdp
— SportTime (@SportTi43915378) July 18, 2019