Фудбалерите на Наполи после вчерашната побуна одбиваат да останат во карантин.
Целосен хаос настана во Наполи после вчерашното реми со Салзбург во Лигата на шампионите и одлуката играчите место во тренинг кампот „Кастел Волтурно“ да се упатат во својот дом.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аурелио Де Лаурентис после поразот од Рома одлучи екипата да ја испрати во седумдневен карантин.
Меѓутоа, после натпреварот со шампионот на Австрија играчите ја прекршија таа наредба. Утрово редовно тренираа, за потоа повторно да заминат во своите домови, како и вчера. Според она што го објави „Скај Спорт“ први тренингот го напуштиле македонскиот фудбалер Елиф Елмас и Мексиканецот, Ирвинг Лозано кој беше стрелец во вчерашниот натпревар.
Де Лаурентис утрово не дојде во клупското седиште, ниту пак се огласуваше, но не е исклучено денес да има разговор со Анчелоти.
Засега се исклучува можноста Анчелоти да добие отказ или да се повлече, барем по она што се пишува во медиумите.