Фудбалерите на Манчестер Сити предводени од Ерлинг Халанд го победија Лајпциг со 7:0 и се пласираа во четвртфиналето од Лигатан а шампионите.
Натпреварот го обележа Норвежанецот кој постигна пет гола. Натпреварот беше отворен со резултат од пенал, а само три минути подоцна и од игра ја погоди мрежата. Во последните моменти од првото полувреме Дијас шутираше со глава, за потоа еден дефанзицец да го погоди Халанд и топката да заврши во мрежата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рапсодијата продолжи во второто полувреме. Само што започна вториот дел Гундоган се запиша во листата на стрелци, асистираше Грилиш. Во 54-тата минута Халанд искористи асистенција од Аканџи кој од петерецот погодува, како и во 57-та минута кога Швајцарецот повторно асистираше.
Чудна беше одлуката на Пеп да го замени Норвежанецот во 63-тата минута. Во последните моменти од натпреварот Де Брујн покажа каков мајстор е и од 22 метри ја испрати топката во мрежата за конечни 7:0.
Во вториот натпревар Интер и Порто одиграа 0:0 и голот од Милано се покажа како одлучувачки за „нероаѕурите“. Во самиот финиш Порто имаше две големи прилики во кои беше погодена пречката и стативата.