Дома Фудбал Халанд под тешки критики по дебаклот во Норвешка: „Знаев дека ќе избега“

Халанд под тешки критики по дебаклот во Норвешка: „Знаев дека ќе избега“

Норвешка загуби од Австрија во четвртото коло од Б категоријата на Лигата на нации со високи 5:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвешките фудбалери не беа расположени за разговор по овој дебакл, но дел од нив сепак застанаа пред новинарите и одговараа на прашања.

Меѓу нив го немаше Ерлинг Халанд, кој во овој циклус ја водеше Норвешка како капитен бидејќи го немаше Мартин Одегард. Халанд само помина низ зоната без да одговори на ниту едно прашање, поради што беше критикуван од норвешката јавност.

„Во таква ситуација навистина би сакале да го слушнеме. Беше интересно да го слушнеме по големиот успех против Словенија, но сакаме да го слушнеме неговиот збор и кога работите ќе тргнат на лошо.

Капитенот добива пофалби кога работите одат добро, а тогаш имате дополнителна одговорност кога работите не одат добро“, рече Кристофер Локберг, фудбалер, кој беше стручен коментатор на овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабијани пред дуелот со Купс: Конечно дојде моментот, со нетрпение чекаме да излеземе на терен!

Македонскиот шампион ФК Вардар утре ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Лиг…