Дома Фудбал Германија Халанд вчера се повредил на бизарен начин

Халанд вчера се повредил на бизарен начин

Во можеби најважниот натпревар во сезоната Борусија Дортмунд вчера изгуби од Баерн со минимални 0:1 и така веројатно се прости од трката за шампионската титула.

Борусија одигра натпревар за заборав, баварците беа подобар ривал и заслужено победија. Освен поразот жолто-црните ги загрижува и повредата на Ерлинг Халанд.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Талентираниот Норвежанец беше заменет во 72. минута, а неговата повреда дојде на навистина бизарен начин. Имено, Халанд претходно се судри со судијата Тобијас Стилер. Во таа прилика тој добил незгоден удар во коленото почуствувал болка и го напушти теренот.

Наскоро се очекуваат детали за повредата и можниот период на пауза. Во клубот од Дортмунд се оптимисти и веруваат дека не се работи за толку сериозна повреда и дека 19 годишниот фудбалер многу брзо ќе може да се врати на терен.

Од доаѓањето во Борусија Халанд одигра 14 натпревари и успеа да постигне 13 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Марота има план: Еве како ќе изгледа нападот на Интер наредната сезона – засилувањето од Манчестер јунајтед не доаѓа во предвид!

Интер веќе ги комплетираше најважните делови од напаѓачката линија за следната сезона. Лау…