Дома Останати Фјури се закани на менаџерот на Усик: Ако уште еднаш ми ја навредиш сопругата, ќе ти ги скршам забите

Фјури се закани на менаџерот на Усик: Ако уште еднаш ми ја навредиш сопругата, ќе ти ги скршам забите

Британскиот боксер Тајсон Фјури не остана мирен по провокациите од менаџерот на Александар Усик, Егис Климас.

Климас ја навреди сопругата на Фјури, а тоа го налути британскиот боксер кој му посочи дека ќе му ги скрши забите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Егис, никогаш повеќе не ме нарекувај страшливец. Имав 35 професионални борби и 18 години од својот живот посветив на боксот. Ако повторно ја навредиш мојата сопруга, ќе ти ги скршам забите“, кажа Фјури.

Борбата требаше да се одржи на 17 февруари, но истата беше одложена поради повреда на Фјури, па нов датум за одржување на спектаклот е 18 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…