Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ одржа вонредно собрание и го промени Статутот!

ФФМ одржа вонредно собрание и го промени Статутот!

Фудбалската федерација на Македонија денес во Охрид го одржа вонредното генерално Собрание, на кое беа усвоени измените и дополнувањата на статутот на ФФМ.

Статутот кој ќе овозможи поопширен и порационален избор за нов претседател на најважното фудбалско тело во нашата земја.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Делегатите на ФФМ со големо мнозинство изгласаа ЗА промена во сопствениот Статут на ФФМ, па отсега претседател на Федерацијата не мора да биде само човек кој е делегат на Собранието.

Сега претседател на ФФМ може да биде фудбалски работник кој има константно работење во фудбалот од четири години, а исто така и да биде претставник на некој Општински фудбалски сојуз.

Целосните измени и дополнувања на статутот може да ги видете ОВДЕ

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…