Дома Останати Футсал: Македонија добро се држеше против светските шампиони

Футсал: Македонија добро се држеше против светските шампиони

Во пријателскиот натпревар кој се одигра вчера вечер футсал репрезентацијата на светскиот шампион Португалија ја победи Македонија со 3:1 во Лисабон.

Македонија одиграла еден одличен натпревар и после првото полувреме резултатот беше 1:1. Коељо погоди за водство на Португалија во 19. минута, а Македонија изедначи преку Рамадани две минути подоцна.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тој резултатот беше се до 30. Минута кога Ерик погоди за 2:1 за во последната минута од натпреварот Матос да стрела за конечни 3:1. Денес Португалија и Македонија ќе одиграат уште еден натпревар.

Двата дуели се во рамките на подготовките на Португалија за Европското првенство кое започнува на 16-ти јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…