Во текот на вчерашниот ден беше извршена ждрепка за квалификациите за УЕФА футсал ЕУРО 2026.
40 репрезентации ќе се борат за пласман на натпреварувањето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Селекциите учесници во извлекувањето беа поделени во 10 групи со четири репрезентативни селекции.
Македонија се најде во групата 7 заедно со Португалија, Холандија и Андора.
Квалификациските натпревари за футсал настанот на ЕП 2026 ќе се играат од декември 2024 до април 2025 година.
Летонија и Литванија како организатори на ЕП 2026 обезбедија по едно место автоматски, додека десетте победници на групите ќе се квалификуваат за овој настан, а осумте втори во групата ќе играат во плеј-оф.
Квалификациските натпревари започнуваат на 9 декември 2024 година и завршуваат во април 2025 година.
Европското првенство во футсал во Летонија и Литванија започнува на 18 јануари, а завршува на 8 февруари 2026 година.