Aнглискиот фудбалер Тео Волкот објави крај на кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Волкот во пензија заминува на 35 години, откако му истече договорот со Саутемптон.
„Ставам крај на кариерата. Страшно чувство, не можам да лажам…Застрашувачки е затоа што фудбалот е се што знам од својата 16. година, можеби и порано. Сакам да испробам работи кои не ги правев како дете, многу пропуштив“, изјави Волкот.
Во Премиеер Лигата, Волкот играше за Арсенал, Евертон и Саутемптон, собра вкупно 397 натпревари и постигна 80 голови, додавајќи 64 асистенции. За Англија настапи на 47 натпревари и постигна осум гола.