Дома Фудбал Репрезентации Франција стравува: Може ли Бензема да го пропушти Мундијалот?!

Франција стравува: Може ли Бензема да го пропушти Мундијалот?!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе го пропушти денешниот натпревар против Севиља во Примера поради проблем со бутот, соопшти шпанскиот клуб.

„Забележан е мускулен замор на квадрицепсите на левата нога“ при прегледот на францускиот напаѓач, соопшти Реал.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Од Мадридскиот клуб, сепак, не прецизираа колку долго Бензема ќе отсуствува од терените, а оваа вест доаѓа на помалку од еден месец пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Според шпанските медиуми, Французинот го прекинал вчерашниот тренинг поради непријатност во бутот.

По освојувањето на Златната топка во понеделникот, Бензема постигна гол во победата на Реал против Елче во средата. Бензема веќе пропушти еден месец на почетокот на сезоната поради повреда која ја заработи за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Селтик на 6 септември.

Натпреварот Реал Мадрид – Севиља се игра вечерва од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Меси вечерва ќе бара одмазда против поранешниот клуб

Вечерва на програмата се две осминафинални натпревари од Светското клупско првенство, а на…