Многу големи имиња се поврзуваат со Реал Мадрид откако во клубот се врати Зинедин Зидан.
Зизу се врати во Реал, а на лето заедно со Перез ќе донесе барем две големи ѕвезди на Сантијаго Бернабеу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се појавуваат разни имиња, најмногу Еден Азар и Килијан Мбапе, но угледниот Франс Фудбал објави дека Зидан инсистира да го донесат Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул.
Мане има договор со Црвените до 2023. година и не треба да се напоменува колку е важен за тимот од Енфилд, но тоа нема да ги спречи Кралевите да се обидат да го донесат по крајот на сезоната.
Сенегалецот постигна два погодоци против Баерн во ЛШ и му обезбеди пласман на тимот во четвртфиналето, а оваа сезона во ПЛ постигна 17 погодоци и дефинитивно е играч кој може да направи разлика во било кој тим, па дури и Реал.
Наводно, претходно додека Зидан го водеше Реал, Мане договорил трансфер во Шпанија, но тоа пропаднало од непознати причини, а сега не очекуваат нови преговори.
Зидан има високо мислење за Мане, добро го познава, а Перез е спремен да плати преку 100 милиони евра за неговите услуги. Инаку, тој во Ливерпул дојде летото 2016. година од Саутемптон за нешто повеќе од 41 милиони евра, а две години подоцна потпиша нов договор со Ливерпул, според кој заработува осум милиони евра по сезона.