
Реал Мадрид вечерва го пречекува Елче, а Алваро Арбелоа ќе ги одмори некои од првотимците пред гостувањето во Манчестер кај Сити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесуваат мадридските извори, одмор ќе добијат Трент Александер-Арнолд, Антонио Ридигер, Орелиан Чуамени, а можеби и Федерико Валверде.
Исто така, се очекува дека минути ќе добијат Камавинга, Браим Дијаз, можеби и Франко Мастантуоно, како и уште еден член на „Ла фабрика” – Мануел Анхел кого Алваро Арбелоа одлично го познава од Кастиља.
Надвор од екипата и понатаму се – Милитао, Себаљос, Карерас, Белингем, Ембапе и Родриго, кој ја заврши целата 2026 година. Од повредените единствено би можеле да бидат на клупата во Манчестер Карерас и Мбапе, но Арбелоа не сака да ризикува, освен ако нема потреба по големото 3:0.
Реал Мадрид мора да го победи Елче, бидејќи Барселона има четири бода повеќе и во недела го пречекува Севиља.
Да потсетиме, есента Елче го изненади Реал Мадрид, резултат беше 2:2, но тогаш на клупата седеше Чаби Алонсо.
Натпреварот Реал Мадрид – Елче е на програмата во 21:00 часот.