Дома Македонски спорт ФОТО: Учителот со ученикот!

ФОТО: Учителот со ученикот!

Вчера во Италија се сретнаа Наполи и Џенова, а тоа беше дуел на двајцата македонски фудбалери Елиф Елмас и Горан Пандев.

И Пандев и Елмас не беа стартери. Елмас во игра влезе после 20-тина минути на местото на Инсиње, додека Пандев доби шанса во вториот дел.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дуелите на Пандев и Елмас се секогаш посебни и интересни за нас, но и за Италијанците. Се пишуваше за нивниот дуел и пред натпреварот, а после натпреварот се појави и една фотографија која најдобро се опишува со зборовите: Ученикот и учителот!

Македонската јавност во Елмас гледа вистински наследник на Гранде Пандев кој е во залезот од неговата белскава кариера.

Елмас вчера можеше да се израдува и на првиот гол во сезоната.

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…