Дома Фудбал Италија ФОТО: Видете како ќе изгледа тимот на Милан со новите засилувања!

ФОТО: Видете како ќе изгледа тимот на Милан со новите засилувања!

Италијанскиот гигант Милан е многу активен на трансфер пазарот и на „Сан Сиро“ веќе пристигнаа три засилувања.

Откако беа комплетирани трансферот на Круниќ, Бенасер и Тео Хернандез, последните информации од Италија говорат дека „росонерите“ постигнале договор за ѕвездата на Атлетико Мадрид.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Наскоро се очекува да биде комплетиран трансферот на Анхел Кореа, за кого Милан ќе плати 50 милиони евра.

Притоа, „росонерите“ го продадоа Патрик Кутроне и веднаш договорија негова замена, па треба да пристигне ѕвездата на Лил, Рафаел Леао за 35 милиони евра.

Постигнат е договор и за дефанзивецот на Фламенго, Лео Дуарте кој ќе пристигне на „Сан Сиро“ за 11 милиони евра, а до крајот на преодниот рок „росонерите“ ќе донесат уште еден играч за врска.

Со доаѓањето на новите засилување, многумина се прашуваат како ќе изгледа тимот на Милан следната сезона, а одговор на тоа прашање даде „Газета дело Спорт“.

Новиот тренер Џампаоло игра со формација 4-3-2-1, а тимот на „росонерите“ ќе изгледа вака:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул потроши 300 милиони фунти за трансфери, но може да си дозволи да потроши уште повеќе

Ливерпул ќе стане единствено и категорично тимот што потрошил најмногу пари за трансфери в…