Битола е град кој дала многу големи македонски фудбалски имиња, редовно во македонската репрезентација има свои претставници, па така е и овој пат кога Македонија поминува низ најдобрите фудбалски денови во историјата.
Во овој состав на Македонија има тројца Битолчани, Кире Ристевски и Стефан Спировски на теренот кој веќе подолг период се дел од најдобрата „А“ селекција, а голманскиот ветеран Томе Пачовски кој некогаш го чуваше голот на најдобрата наша репрезентација денес е тренер на голманите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пачовски новата улога ја доби на почетокот на март и може да се каже дека има одличен почеток, а може да биде уште подобар ако во вторник ја победиме Португалија и Македонија се пласира на Светското првенство.
Фото: Димитар Петковски