Дома Фудбал Останато ФОТО: Бејл се пофали со мускулите, а потоа Крауч со коментар му ја „украде славата“

ФОТО: Бејл се пофали со мускулите, а потоа Крауч со коментар му ја „украде славата“

Велшанецот Герет Бејл пред четири дена го прослави својот 29. роденден.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој по таа прилика се огласи на социјалните мрежи, каде што објави две фотографии од тренингот на Реал со опис: „Убаво е да се вратам на тренингот на Реал. И големо фала на сите оние кои ми испратија роденденска порака“.

На фотографијата може да се забележи дека Бејл никогаш во животот не бил поспремен, а тоа го „забележа“ и Питер Крауч кој многу брзо го коментираше твитот во свој стил и се пошегува.

„Среќен роденден Герет. Гледам дека не си во форма цело лето“, напиша Крауч кој ја собра целата слава на контото на тој коментар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Драмата на пеналите го одведе Египет и Салах во осминафиналето

Египет драматично ја елиминираше Австралија во шестнаесетфиналниот дуел од Светското првен…