Според пишувањата на германски Билд, Никлас Суле е отстранет од екипата бидејќи има вишок килограми.
Суле го немаше на последниот натпревар на Баерн против Вердер, а Билд објави дека Флик не прифаќа неговиот играч висок 195 сантиментри да има 99 килограми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според германскиот дневник, Суле мора да ја намали килажата. Тоа е основниот услов да се врати во тимот на европскиот првак.
Медиумите потсетуваат дека ова не е прв пат 25-годишниот играч да биде во ваква ситуација. Баварците неколку пати го суспендираа поради доцнење на тренинг.
Тоа значи дека неговата иднина во клубот е доведена во прашање. Претходните денови Дејли Мејл извести дека за неговите услуги се интересира Манчестер Јунајтед.
Суле во Баерн пристигна во 2017. година и од тогаш одигра 109 натпревари. Договорот со Баварците е со важност до летото 2022. година.