Светското првенство во 2022 година би требало да се одржи во Катар. Но можеби тоа нема да биде така…
Многу контроверзии предизвика изборот на Катар за домаќин на Светското првенство во 2022 година. Фудбалскиот свет се сомневаше дека Сеп Блатер бил подмитен, но подоцна веројатно сите се помирија со оваа одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак на крајот можеби Катар нема да биде домаќин.
Како што пренесуваат германските медиуми, Катар многу лесно би можел да остане без Светското првенство. Оваа информација ја потврди и министерот за спорт на Саудиска Арабија, Турки Ал-Шеик.
Според неговите зборови ФИФА на лето повторно ќе провери дали се било во ред и тогаш ќе донсе одлука каде ќе се игра Светското првенство во 2022 година.
Кога во прашање се кандидатите за организатори доколку навистина на Катар му биде одземено домаќинството се споменуваат САД и Англија.